Bella – прв избор на дамите со префинет вкус

Македонскиот бренд за првокласна модна облека - Bella го претстави духот на новата колекција преку ликот на Росана Јанков.

bella-prv-izbor-na-damite-so-prefinet-vkus-001.jpg

Модерната, деловна жена е инспирација за искусните дизајнери и кројачи во Bella повеќе од 25 години, па така и новата колекција е наменета токму за овие дами, што може да се забележи и по изборот за модел кој ќе ја претстави пред јавноста.

„Росана е наш редовен клиент и вистински модерна дама со префинет вкус, и оттаму беше сосема логичен избор за лице кое ќе покаже како ние ја замислуваме нашата облека во секојдневниот живот. Стилот кој го креираме како синергија помеѓу квалитетот и грациозноста отсекогаш ги отсликувал нашите вредности, нешто што најдобро може да го покаже жена која вистински верува во тоа.“ – објаснуваат од Bella.

bella-prv-izbor-na-damite-so-prefinet-vkus-3.jpg

“Крој по мерка” е еден вид мото, но и систем на корисничка грижа во оваа компанија, ставајќи ги клиентите во фокусот во секој сегмент од процесот на создавање парчиња облека кои ја слават посебноста на секоја жена. А тоа се чини дека е тајната за создавање лојални клиенти.

„За мене Bella е синоним за уникатен и впечатлив изглед, идеален за она што ми е потребно, имајќи во предвид дека мојата работа вклучува чести телевизиски појавувања, како и формални настани каде што ваквиот изглед е речиси задолжителен. Но, надвор од ова, во оваа облека се чувствувам навистина пријатно. Внимателно избраните материјали скроени во беспрекорно модерни модели секој пат ги надминуваат моите очекувања. Чест ми е што сум дел од овој проект на брендот кој се грижи за изгледот на нашите деловни и модерни жени.“ – вели Росана Јанков.

bella-prv-izbor-na-damite-so-prefinet-vkus-4.jpg

***Информации за колекцијата ***

Новата колекција на Bella изобилува со прекрасни детали кои ја красат секоја жена. При изработка се користени лесни материјали кои овозможуваат пријатно чуство во текот на целиот ден. Дезените кои Bella ги креираше за оваа колекција се разликуваат за секоја пригода. Од моменти на медитерански стил до супер модерни урбани средини. Од нежни моменти на комфор и префинетост до деловна супер моќна жена. Оваа колекција на Bella е нешто задолжително за секоја успешна жена.

Летото е наменето за среќни денови проткаени со насмевки и незаборавни моменти кои на крајот резултираат со посебна приказна која засекогаш се памети. Ова лето создадете ја својата!

bella-prv-izbor-na-damite-so-prefinet-vkus-2.jpg

Од денови поминати во уживање под летното, сино небо до вечери полни со смеа и забава, оваа сезона исполнете ја со позитивна енергија и моменти кои никогаш нема да ги заборавите.

Местата кои ги посетувате и луѓето кои ги запознавате се оние кои секој момент го прават посебен. Бидете дел од градот, бидете дел од случувањата... Посетувајте културни настани, коктел забави, прослави... Бидете во центарот на вниманието и дел од сечија приказна. Чувствувајте се пријатно во своја кожа, покажете го вашиот уникатен стил и не плашете се да ја истакнете вашата елеганција и убавина.

bella-prv-izbor-na-damite-so-prefinet-vkus-5.jpg

Bella ја создаде новата колекција за да ја надополни приказната на секоја дама, со модели кои се вистински спој на женственост, отменост и грациозност.

bella-prv-izbor-na-damite-so-prefinet-vkus-1.jpg

Приказната за Bella започнува од 1991 година во облик на кројачница која за кратко станува една од омилените во Скопје. Низ годините прераснува во истакнат бренд на женска облека која неуморно наоѓа решенија за модните желби на современата жена, со ексклузивен стил и оригиналност.  

Модел: Росана Јанков
Шминка: Зоран Шурбевски
Накит:
Tesoro Skopje
Чевли:
Nine West Makedonija

Би можело да ве интересира:

9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg