Чекори за совршена насмевка
Убавата насмевка остава најдобар впечаток за вас. Во друштво на насмеани личности секогаш се чувствуваме пријатно и весело. А, кога е...
...во прашање заведувањето – насмевката е најмоќното оружје.
Како да постигнете убава насмевка денес?
1. Наутро. За да постигнете бели и сјајни заби наутро додека се туширате ставете навлака за избелување на забите.
На тој начин ќе заштедите време. Долго четкајте ги забите за да постигнете убаво чувство во устата.
2. Ручек. На работа, во мало шишенце понесете си вода за плакнење на устата. По ручекот 30 секунди промешајте ја течноста во устата.
Со себе може да носите и конец за заби за да се ослободите од остатоците храна кои се задржале во забите.
3. Меѓу оброци. Кога ќе огладнете меѓу оброци, грицкајте свежо овошје.
Најдобра опција се јаболката кои ја освежуваат вашата уста, ги отстрануваат бактериите и ги побелуваат вашите заби.
4. После работа/ факултет. Ако излегувате навечер соодветен кармин за усните – розев, црвен и боја на слива визуелно ќе ги направи вашите заби побели.
Не користете портокалови нијанси – ќе ги направат вашите жаби да изгледаат жолто.
5. После вечера. Одлична опција се гумите за џвакање кои ќе ви го вратат свежиот здив и ќе ги исчистат вашите заби од остатоците од храна.
6. Пред спиење. Темелно миење на забите и чистење со конец.