Тренд: Врзете јазли на облеката секаде каде што е можно
Носите обични парчиња облека и малку ви се здодевни? Јазлите се вистинското решение за ваквиот „проблем“. Овој тренд скромно се појави на модните шоуа за пролет/лето 2017.
На почетокот, не привлече комплетното внимание, но полека станува популарен на модната сцена и се претвора во еден од најактуелните трендови за улична мода оваа сезона.
Погледнете ги само врзаните кошули и фустани на ревијата на Александар Ванг за пролет/лето 2017 и ќе се уверите.
Толку едноставно, а сепак женствено - ова е совршен начин да изгледате уникатно, но не многу нападно.
Волуменозни материјали, чудни ремени и додатоци за фармерките и здолништата - трендсетерките ширум светот полудеа по врзувањето јазли.
Парчиња од овој тип, покрај на светските модни ревии, можете да ги најдете и во Манго, Зара и H&M.
С. С | Црнобело