7 пара женски, летни чевли кои ги повредуваат нозете
Лето – одлично време за модни екперименти, кои вклучуваат нови модели на чевли во весели бои и од полесни материјали.
Сепак, она на што често забораваме е здравјето и влијанието кое тие чевли го имаат врз нашето тело и нашите нозе.
Затоа ви претставуваме 7 најопасни типови на летни чевли, за чии негативности вреди да знаете пред да се повредите:
Ниски, рамни патики
Можни се повреди на коленото, доколку површината е многу рамна. Ако веќе купувате рамни патики, обидете се да бидат ортопедски.
Кломпи на штикла
Најголемата негативност е нестабилноста.
Еспадрили
Нозете не добиваат доволна потпора и стабилност заради лесниот материјал. Еден погрешен чекор може да биде опасен.
Апостолки и римјанки
Недоволна потпора на стапалото и ногата, нула заштита од повреди и зголемен ризик за ранички и плускавци заради триењето.
Шпиц штикли
Попречена циркулација во прстите на нозете и неприродната положба на стапалата може да доведат до болки и повреди.
Балетанки
Претерано рамна површина без потпора која може да ги повреди колената, колковите и грбот. Повторно обидете се со ортопедски модел.
Платформи
Ако често носите платформи ризикувате да си ги деформирате стапалата и да ги повредите мускулите на нозете.
М. Д. | Црнобело