Пастелна инспирација: Најубавите чанти за сончевата сезона
Без пастелните нијанси, пролетниот изглед не може да биде комплетен, зар не?
Чантата е најважниот моден аксесоар за секоја жена, без која не може да го замисли ниту едно излегување од дома. Воглавно ги носиме оние со големи димензии, каде може да се сместат разни предмети – од шминката до клучевите од домот.
Во текот на сончевата сезона, купете си чанта во пастелна нијанса, со која ќе го комплетирате и освежите вашиот изглед на потполно модерен начин.
Чантите во пастелни тонови може да бидат фокусна точка, но и совршен додаток на вашата облека во неутрални, пастелни или темни бои.
Во моментот, најпопуларна е пудерасто розовата нијанса, па со изборот на чанта во оваа боја нема никако да погрешите. Сепак, не се за игнорирање ниту останатите пастелни тонови.
Сина, зелена, портокалова, жолта – пролетната и летната модна комбинација може да биде исполнета со аксесоари во изобилство од бои, кои не само што го подобруваат расположението, туку и го издигнуваат целокупниот изглед на сосема ново ниво.
Зачекорете во светот на пастелните бои и одберете си чанта во токму овие нијанси:
М. А. | Црнобело