Одберете фустан на едно рамо
Главен хит за оваа сезона кога станува збор за фустаните се оние со прерамка на едно рамо. Одберете соодветен модел и бидете секси цела пролет...
...и лето. Како ги носат во Холивуд?
1. Актерката со најдолги нозе во Холивуд Blake Lively покажа како фустаните на едно рамо може да бидат и тоа како предизвикувачки, а сепак да не остават впечаток на “евтина“ девојка.
Со нив може да ги истакнете нозете, за разлика од кратките фустани со длабоко деколте кои даваат друга слика.
2. Гвен Стефани е вистинска дива во долга тоалета. Иако не се советува градник под ваков фустан, таа покажа дека и тој може да се вклопи во стајлингот.
3. Трендсетерката Сара Џесика Паркер секогаш знае да се облече добро. Нејзиниот жолт фустан со шљокици изгледа фантастично!
4. Дајан Кругер не покажува премногу кожа освен десното рамо и мало деколте. Но, тоа е доволно за да ги остави сите без здив.
5. И Ема Вотсон порасна и изгледа одлично во ваков модел.
6. Актерката Гвинет Палтроу изгледа гламурозно и женствено во фустан со боја на кожата испрскан со шљокици.
7. И малиот црн фустан сака голо рамо. Шерил Кол искомбинирала класика и тренд и добила одличен резултат.
8. И за крај уште еднаш Дајан Кругер во разлетан, младешки а, истовремено секси и женствен фустан за летни авантури.