Пролетен хит: Тексас во розова боја
Ако сакате да му дадете свеж пресврт на својот секојдневен изглед, тогаш тексасот во розова боја е вистинскиот избор за сончевите денови.
Веќе знаеме дека розовата боја е хит на пролетта. Знаеме и дека тексасот е вонвременска ткаенина која никогаш не излегува од мода. А, што доколку се обединат?
Кога ќе ги споиме тексасот и розовата боја, го добиваме еден од најактуелните трендови за претстојната сезона - облеката од розов тексас, која трендсетерките веќе со задоволство ја носат низ градските улици.
За тековната пролет и летото, од дизајнерските куќи, но и брендовите за улична мода, ви предлагаат да си набавите предимензионирана тексас јакна во розова боја, мини тексас здолниште, шорц или фармерки.
Доколку сакате посуптилен допир со овој тренд, одлучете се за парчиња во бледо розова боја. Ако, пак, спаѓате во категоријата смели жени, кои не се плашат од поинтензивните бои, тогаш не двоумете се да си одберете розови фармерки во повпечатлива нијанса.
За женствен изглед, комбинирајте ја облеката од розов тексас со белата боја, или, пак, со палетата нежни пастелни тонови.
Од галеријата во продолжение, погледнете што имаат да ни понудат популарните модни брендови на оваа тема:
М. А. | Црнобело