Модерни, шик и секси: Фустани со гол грб
Сончевата сезона е совршено време да изберете фустан со отвор на грбот, без оглед на (не)формалноста на приликата.
Модерни, шик и секси - фустаните со гол грб се носат со години наназад и никогаш не излегуваат од мода. Достапни се во безброј варијанти, од најлуксузни, па сè до оние полежерните, кои се изработени од лен или памук.
Дури и кога моделот е со наједноставен крој и дезен, фустанот кој го открива грбот е секогаш доволно импресивен, па шармира во истиот миг.
Долгите фустани од светкави материјали се мошне чест избор на светските ѕвезди за премиери и свечени церемении. Овие фустани се и полн погодок за матурската вечер, или, пак, доколку сте гостинка на свадба, а сакате да бидете забележани.
Од друга страна, памучните и едноставни фустани со отворен грб се секогаш добра варијанта за опуштените топли денови и ноќи, па треба да се најдат во сечиј гардоребор во текот на пролетта или летото.
Оваа сезона, познатите модните куќи и брендовите за улична мода предлагаат различни модели од тантела, сатен или одржливи материјали.
Ви издвојуваме неколку впечатливи предлози, помеѓу кои сигурно ќе го пронајдете и фустанот по ваш вкус.
Погледнете како изгледа модната понуда за претстојните сончеви денови:
М. А. | Црнобело