Би носеле ли пластични проѕирни фармерки?! (фото)

Да, добро прочитавте. 100% пластика. И потполно проѕирни. По пластичните чизми, тие се новата модна екстраваганција на пазарот.

bi-nosele-li-plastichni-prozirni-farmerki-foto-1.jpg

Размислувајте надвор од кутијата со овие неoбични, проѕирни и пластични фармерки – луѓето гарантирано ќе зборуваат за нив.“

Вака звучи слоганот на страницата на познатиот британски бренд Topshop, кој прв ги пушти во продажба пластичните проѕирни фармерки МОТО, претендирајќи да им украде дел од „славата“ на веќе популарните обувки од ист материјал.

И навистина, корисниците на социјалните мрежи веќе зборуваат за нив, но не од рекламираните причини:

„Па, како да не зборуваат, кога се проѕирни и сè се гледа? “ - „Проѕирни фармерки?! Која е поентата?“ - „А, што да облечеме под нив?!“ - „Ќе се препотам!“ - „Конечно фармерки што нема да избледат при перење“ .

bi-nosele-li-plastichni-prozirni-farmerki-foto-2.jpg

Во описот под производот, за фармерките се вели дека се идеално парче за оставање впечаток на фестивали или костимирани забави.

Понатаму, од Topshop истакнуваат дека може да се носат со бикини и светкава јакничка, или како слоевито парче, во комбинација со асиметричен фустан или предимензиониран пуловер.

Изработени се по пример на фармерките со класичен рамен крој, а имаат и стандарни џебови, како и скусени ногавици.

bi-nosele-li-plastichni-prozirni-farmerki-foto-3.jpg

Нивната цена изнесува 76 евра, а веќе масовно се купуваат од официјалната онлајн продавница на Topshop. Можно ли е да станат тренд?!

Не сме целосно сигурни која е намената на овие „фармерки“, но затоа сме убедени дека некои славни дами ќе посакаат да ги облечат на себе.

Што велите вие – би носеле ли проѕирни фармерки?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
Машката мода на Мет гала 2024: Од впечатливи фустани и уникатни креации до класични костуми (фото) Формула 1 возачот, Луис Хамилтон облече плашт над костумот, евровизискиот победн...
7 трикови што ќе ви помогнат од око да ги изберете најквалитетните фармерки Обрнувате ли внимание на рабовите, големината на алките за ремен или на нитните?...
Папучите на Hermes се вистински летeн хит – каде може да купите поевтини копии? Не мора да дадете 800 евра за да ги носите најмодерните папучи за ова лето... Ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg