Твитер финта: Како да не ве болат нозете на штикли?
Ако сте носеле превисоки штикли, сигурни сме дека знаете колку многу болат нозете. Екстра сантиметрите и визуелно подолгите нозе доаѓаат со огнена цена.
Но, на Твитер се потврди една можеби веќе позната финта: треба да ги залепите заедно третиот и четвртиот прст на нозете за да не ве болат.
Internet friends: I did that thing last night where you tape your third and fourth toes together to make heels suck less and it WORKED. 👠
— Molly (@cleverestgirl22) April 14, 2017
Ако сè уште не сте слушнале за оваа финта, таа може да ви го олесни животот.
Лепливата трака функционира на тој начин што се намалува притисокот на нервите меѓу тие прсти и се намалува болката.
Плус совети:
Инвестирајте во фластери
Во парфимериите имате самолепливи фластери за посебни зони онаму каде чевлите прават најмногу рани. Залепете ги да задниот дел на чевлите или каде ви треба и ќе ви биде многу полесно.
Пробајте влошки
Ќе ви го олеснат секој чекор и штиклите ќе станат поудобни. Исто така, влошките спречуваат стапалото да ви се лизга со што се намалува шансата да добиете пликови.
Пробајте други штикли
Ако носите само стилето, не се плашете да пробате некој нов облик на шткли. Можеби ќе најдете поудобни и постабилни за вас.
Н. Г. | Црнобело