5-те најскапи црни фустани на сите времиња
Основно правило на дамите – три зборчиња: Мал црн фустан. Секоја жена во своето срце има место за мал црн фустан.
Секогаш кога се двоумите што да облечете, тоа е првото нешто што ви паѓа на памет.
Тие се вклопуваат во секаква ситуација, без разлика дали станува збор за вечерно излегување во бар, некој свечен настан, посебен состанок со семејството или деловен состанок.
Но, токму поради едноставноста на фустанот, дизајнерите се трудат секој фустан да го направат различен од останатите. Тоа е она што овие фустани ги прави поскапи од што можеме да замислиме.
Тоа е работа која опфаќа креирање на нешто што е различно и слично во исто време. Ваквите скапи фустани можат да си ги дозволат единствено светски познатите личности.
Па, ако некогаш сте се запрашале кои се најскапите црни фустани, еве ви шанса да дознаете.
5. Анџелина Џоли во црн фустан на Версаче на 84-то издание на доделувањето на Оскарите.
Овој фустан на Версаче чини над 10.000 долари.
4. Рита Хејворт и нејзиниот црн сатенски фустан за „Gilda“
Овој фустан креиран од Жан Луис е со вредност од 60.000 долари.
3. Принцезата Дијана и нејзиниот црн фустан со паднати рамена за „Vanity Fair“
Фустанот вреден 74.000 долари, принцезата Дијана го носеше на јавен настан во 1994-та година.
2. Одри Хепберн и нејзиниот модерен црн фустан дизајниран од Живанши за „Појадок кај Тифани“
Вредноста на фустанот е 923.187 долари. Фустанот е составен од три парчиња. Едното е продадено на добротворна аукција, второто е во музеј, а третото е зачувано во приватна колекција на Живанши.
1. Деби Вингам и нејзиниот лично дизајниран црн фустан
Фустанот вреди неверојатни 3,5 милиони долари. Дизајниран и лично претставен од страна на Деби Вингам, на настан во клубот на милијардери во Монако.
М. С. | Црнобело