Предлог комбинации: Како да носите зелено оваа пролет?
За сите оние кои се плашат да ја носат, нудиме неколку добри причини поради кои треба да ја засакате, а уште подобри предлози како да ја комбинирате.
Зелената е боја која многу жени се плашат да ја носат. Иако доминира во ентериерот, сè уште се избегнува кога е во прашање облеката. Неправедно, би рекле.
Покрај тоа што делува смирувачки, зелената е и една од најубавите бои. Постојат толку многу нијанси од кои можете да одберете, а се движат од темна и маслинесто зелена, па сè до светли и неонски тонови.
Веројатно веќе знаете дека пролетната зелена е прогласена за боја на годината, па доколку сакате да ја освежите својата комбинација оваа сезона, одберете парчиња облека или детали во зелена нијанса.
Зелената одлично се сложува со повеќето бои (вклучувајќи ги жолтата и розовата), а ние ви претставуваме низа одлични предлози за претстојните сончеви денови.
Од зелена доминација до впечатлив детаљ во оваа боја, погледнете како можете да ја вклопите во вашата гардероба за пролет:
М. А. | Црнобело