Bata чевли кои ќе ги носиме во пролет-лето 2017
Колекцијата на Bata за оваа сезона изобилува со шармантни модели на чевли кои гарантираат удобност и стил. Фотографирани во еден од најкосмополитските градови во Европа, Барселона е новата локација за кампањата, а како заштитно лице повторно го среќаваме познатиот италијански модел Мелиса Сата.
Оваа сезона како тренд се појавува дезенот на тантелата во вид на перфорации на различни модели на спортските обувки и летните чизми, кои пак црпат инспирација од „Кочела“ фестивалите.
Спортските обувки добиваат нови форми, а ретро стилот на подебел ѓон повторно се враќа во мода. Металик сјајот преовладува на различни парчиња и е задолжителен елемент кој ќе даде шик изглед на комбинацијата.
Конечно жените можат да уживаат во носењето на омиленот моден додаток – чевли на високи потпетици. Обувките добиваат нова димензија и удобност благодарение на новата технологија - Bata Insolia.
Овие чевли се создадени за пешачење, кои притоа ќе направат да изгледате повисоко, ќе се чувствувате комфорно, правилно ќе ја распределат тежината на целото стапало и истите ќе можете да ги носите три до четири пати подолго од вообичаено. Подобрувањето на држењето на телото и балансот, намалувањето на притисокот во колената и на предниот дел од стапалото се клучни бенефити кои ги овозможува оваа технологија.
Зачекорете смело во пролетта со новата колекција чевли на Bata!