Пролетен тренд: Бисери на облеката и обувките

Наместо ѓердан околу вратот, оваа сезона ќе носиме бисери на гардеробата и модните додатоци.

proleten-trend-biseri-na-oblekata-i-obuvkite-1.jpg

Бисерите се безвременски накит кој никогаш не излегува од мода. Кога и да видите бисерен ѓердан, невозможно е да не се сетите на модната куќа Chanel, но и на дамите со темни очила за сонце кои секогаш имаат беспрекорна фризура.

Иако најчесто се синоним за елеганција и гламур, оваа сезона, и луксузните дизајнерски куќи, но и брендовите за улична мода ги користат бисерите на мошне креативен начин.

Фармерките и тексас јакните се „накитени“ со мали и големи, вистински и лажни бисери. Покрај облеката од тексас, бисерите ќе ги има и на другите парчиња облека, како маиците, џемперите и кошулите. Сè е украсено со елегантни бели топчиња.

Пред неколку месеци, трендот со бисерите го најавија модните куќи Comme des Garcons, Givenchy, Miu Miu и Gucci. Веднаш потоа, беше прифатен и од брендовите како Mango, Zara и Topshop, a по нив и од модните блогерки.

Ѕирнавме во понудата и ви ги издвојуваме најубавите парчиња облека, чевли и чанти со бисерчиња.

Инспирирајте се и бидете „ин“ оваа пролет:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 грешки со кои си ја уништувате есенската и зимската облека Ставате премногу омекнувач и не ги носите палатата на хемиско, туку ги перете во...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
8 најчести грешки поради кои и најубавите зимски обувки изгледаат нескладно Бел капут со бели чизми, миди здолниште што не ги покрива чизмите - ова се само ...
Вертикални пруги – моден тренд што ќе доминира ова лето (фото) Широки, тесни, со разни бои, се чини дека пругите стануваат најголемиот пролетен...
8 модели на сандали и влечки кои ќе бидат тренд ова лето Плетени, сандали со високи полни потпетици, влечки со златни и сребрени детали.....
Болеро и уште 9 трендови за есен 2024 од модните писти Од Барби фустани, но во поинаков футуристички стил до „леопард“ дезен, кои се мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg