5 модели на чанти кои ќе ја обележат пролетта 2017

Во текот на пролетта, најважната споредна работа во женската гардероба ќе се носи во рака или на страна, ќе биде со нежни бои или впечатлив дезен, а ќе ја красат ланци, реси и поп-арт илустрации.

5-modeli-na-chanti-koi-ke-ja-obelezat-ovaa-sezona-1.jpg

Пролетта е на прагот, а со неа и потребата од нови парчиња облека и детали со кои ќе го освежите изгледот. Доколку сè уште не сте одлучиле која чанта ќе биде вашиот главен адут за претстојната сезона, ви откриваме кои се петте модели за кои модните критичари се согласни дека ќе бидат вистински хит наредните месеци.

Шик, впечатливи или практични – изборот е на вас:

1. Питон

Кожата од питон е материјалот кој никогаш не излегува од мода, особено кога се чантите и чевлите во прашање. Подеднакво добро функционира и за дневни и вечерни варијанти, инстантно додавајќи ѝ доза на елеганција на секоја модна комбинација. За сите оние кои не се љубителки на „природните“ материјали, одлична алтернатива се чантите од вештачка кожа, кои се толку добро изработени што разликата воопшто не е забележлива.

5-modeli-na-chanti-koi-ke-ja-obelezat-ovaa-sezona-2.jpg

Розовите, тиркизните и пурпурните змии не постојат во природата, но затоа ги има во дизајнерските мечти и имагинација.

5-modeli-na-chanti-koi-ke-ja-obelezat-ovaa-sezona-3.jpg

2. Ранци

Практични и чувари на грбот, а од неодамна и многу модерно и убаво стилизирани, ранците во сите бои, големини и облици се масовен тренд оваа пролет.

5-modeli-na-chanti-koi-ke-ja-obelezat-ovaa-sezona-4.jpg

Од спортските ранци е оставен само кројот, а сè останато, како материјалите, боите и деталите, доби мошне елегантна и женствена нота.

5-modeli-na-chanti-koi-ke-ja-obelezat-ovaa-sezona-5.jpg

3. Седло-чанта

Чантата која се носи преку рамениците е најдобриот пријател на секоја жена, а оваа сезона вистински хит се оние во облик на седло.

5-modeli-na-chanti-koi-ke-ja-obelezat-ovaa-sezona-6.jpg

За елеганцијата на овој модел заслужни се заоблената форма, префинетите детали и земјените нијанси.

5-modeli-na-chanti-koi-ke-ja-obelezat-ovaa-sezona-7.jpg

4. Чанти со апликации

Откачените чантички веќе не се резервирани само за помладите девојки. По необичните модели со монисти, ликови од цртаните филмови и колоритни апликации сега воздивнуваат и жените. Најдобро ќе изгледаат во пар со едноставна комбинација на облека, истакнувајќи се меѓусебно, а вие сигурно нема да останете незабележани.

5-modeli-na-chanti-koi-ke-ja-obelezat-ovaa-sezona-8.jpg

Украсени со светкави везови, колажни илустрации, 3D цветови и ланци, ваквите креации се карта за влез во центарот на вниманието.  

5-modeli-na-chanti-koi-ke-ja-obelezat-ovaa-sezona-9.jpg

5. Чанти со кратка рачка

Кога се чантите во прашање, нема ништо поженствено од моделот со кратка рачка. Оваа сезона, популарни ќе бидат оние со поголеми димензии, во кои ќе можете да ставите сè што ви треба, а и понатаму ќе изгледате како дама.

5-modeli-na-chanti-koi-ke-ja-obelezat-ovaa-sezona-10.jpg

Бидејќи станува збор за помасивни модели, наместо на подлактицата, ќе се носат во рака, потпирајќи се на колкот.  

5-modeli-na-chanti-koi-ke-ja-obelezat-ovaa-sezona-11.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
Папучите на Hermes се вистински летeн хит – каде може да купите поевтини копии? Не мора да дадете 800 евра за да ги носите најмодерните папучи за ова лето... Ко...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...
9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg