Сара Џесика Паркер: 7 чанти кои секоја жена треба да ги има
Откако претстави парфеми, колекција црни фустани и неколку модели на чевли со нејзин потпис, познатата глумица се испроба и во креирањето чанти, објавувајќи нова колекција со седумте најнеопходни чанти за секоја жена.
Американската глумица Сара Џесика Паркер е икона на стилот и жена на која ѝ се верува кога е облеката во прашање. За таквиот статус и реноме, во огромна мера се заслужни улогата на Кери Бредшо и легендарната серија „Сексот и градот“.
Комбинациите во кои ја гледавме Кери засекогаш ќе се паметат, а Сара Џесика Паркер мудро го искористи угледот кој го ужива нејзиниот лик, па и самата активно се вклучи во светот на модата. По колекциите чевли, фустани и парфеми, на ред пристигнаа и чантите.
Актерката ја претстави специјалната колекција чанти со назив „The Seven Essentials“, за која вели:
„Линијата содржи седум различни, но основни модели на чанти кои секоја жена треба да ги поседува. И, слично како и чевлите, тие се безвременски. Потребни им се на сите жени и во сите прилики.“
Акцентот е ставен на функционалниот дизајн и секојдневната естетика, со исклучок на само една чанта, која е повеќе за вечерни варијанти. Чантите се произведени во САД, а цената ќе се движи помеѓу 395 и 695 долари.
Која е вашата омилена?
М. А. | Црнобело