Светкавите чизми за кои сите зборуваат (фото)

Модните критичарки веќе лудуваат по нив, а со сигурност нема ниту вас да ве остават рамнодушни.

svetkavite-chizmi-za-koi-site-zboruvaat-foto-1_copy_copy.jpg

На неодамна одржаната ревија на модната куќа „Сен Лоран“ во Париз, сите присутни воздивнуваа по еден пар чевли.

Во прашање се „згужваните“ чизми украсени со стотици металик светки, на кои веќе им се предвидува светла иднина кога е продажбата во прашање.

svetkavite-chizmi-za-koi-site-zboruvaat-foto-2_copy.jpg

Манекенките ги носеа во комбинација со мини здолништа, црни тесни панталони и фустани со висок шлиц, за што повеќе да дојдат до израз. Потпетицата е пирамидална, а покрај светкавите, во понудата на луксузниот бренд ќе се најдат и модели изработени од повеќе видови кожа и во неколку различни бои.

 

View this post on Instagram

A post shared by NET-A-PORTER (@netaporter)

Цената е засега непозната, но ако се суди по досегашниот ценовен ранг во кој се движат парчињата со потписот на YSL, сигурно нема да биде прифатлива за многу дами.

Ги сакаме, нели?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 најчести грешки поради кои и најубавите зимски обувки изгледаат нескладно Бел капут со бели чизми, миди здолниште што не ги покрива чизмите - ова се само ...
Теткести или кул? Мери Џејн чевлите ќе бидат хит оваа есен 2024-та (фото) Мислењата за овие чевли се поделени, но дефинитивно ќе ги гледаме често оваа есе...
Исти фустани кои им стојат сосема поинаку на моделите и славните дами (фото) Од Кајли Џенер и Ема Вотсон, до Жилиет Бинош и Пријанка Чопра - некои фустани од...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
Како да носите елегантни шорцеви, а да не изгледате вулгарно? (фото) За на работа, за прошетки на патувачки дестинации, за викенд кафе или вечерни из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg