5 навики на луѓето кои имаат стил
Многумина од нас знаат кои се „најжешките“ парчиња облека. Секој кој има можност и желба, може да биде во тек со модните трендови, но да имате еден свој посебен стил - е, тоа веќе одзема малку повеќе време.
Некогаш ни е несфатливо како може некои луѓе да изгледаат фантастично во комбинации кои на нас никогаш не би ни паднале на памет.
Дали и вие се прашувате како може некои луѓе да изгледаат толку добро, а сепак да делува како да не се трудат многу околу тоа?
За да ви помогнеме околу тоа прашање, ние ќе ви откриеме неколку навики кои ги имаат сите модерни луѓе.
Тие уживаат во она што го носат
Ултрамодерните луѓе се секогаш полни со самодоверба и уживаат во она што го носат. Дури и во оние моменти кога сфаќаат дека горниот дел од облеката не им одговара со здолништето, тие не се вознемируваат премногу, напротив - уживаат во модните исклучоци. Самодовербата е клучот за облеката што ја носите на себе да изгледа 10 пати подобро од она што навистина е.
Не потценуваат ниту една продавница
Модерните луѓе никогаш не се срамат од местата каде пазаруваат. Напротив тие влегуваат во секоја можна продавница и не размислуваат за тоа дали таму се продава фенси скапа облека или не.
Исто така модерните луѓе не се срамат да влезат во оние продавници за кои е потребно да имаш подлабок џеб. Доколку не сте во финансиски завидна состојба, тоа не значи дека не смеете да влезете во полуксузна продавница.
Идеите кои ќе ги добиете таму, се секогаш добредојдени.
Модерните луѓе се облекуваат за себеси
Колку и да ви звучи невозможно, модерните луѓе не се дотеруваат за да бидат во текот со модните трендови. Овој парадокс постои од причина што ултрамодерните луѓе не се оптоваруваат со тоа што мислат другите за нивната облека.
Тие се облекуваат така како што се облекуваат од причина што тоа им се допаѓа. Кога го носите на себе она што го сакате, тоа може само дополнително да ви помогне да искреирате еден сосема нов тренд.
Брендовите не ве дефинираат
Модерните луѓе се свесни дека брендираната облека не е секогаш најдоброто решение. Точно е дека брендираната облека не е лош избор, меѓутоа не треба да се потпирате само на еден одреден бренд. Како што рековме и претходно, стилска облека можете да најдете секаде, не само во брендирани или луксузни продавници.
Модерните луѓе не го следат секој тренд
Тоа е точно. Модерните луѓе се придржуваат до трендовите, меѓутоа тие не го следат секој тренд. Запомнете, најважно од сè е да се инспирирате, но не и да копирате.
С. У. | Црнобело