Време е за цветни фустани!
Со првите сончеви зраци и мирис на пролет во воздухот, се појавува и желбата да го облечете омилениот цветен фустан, зар не?
Фустаните со цветен дезен не се нов тренд на модната сцена. Присутни се од сезона во сезона, но секоја пролет одново го пронаоѓаат патот до нашите срца и се омиленото парче облека на многу жени.
Цветните фустани се романтични, женствени и идеални за секоја прилика, од лежерен изглед за прошетка и дневни излегувања, па сè до посвечена варијанта за коктел забави или свадбени прослави. Се разбира, сè зависи од моделот на фустанот. Сестрани се и лесни за комбинирање, така што постојат многубројни начини на кои можете да ги носите.
Кратки, долги, со обемни сукњи или „пенсил“ крој - фустаните со цветен принт се застапени во сите нови колекции за пролет/лето 2017, како на луксузните дизајнерски куќи, така и на популарните брендови за улична мода. Во каталозите на Mango, H&M, Zara, Bershka и Pull&Bear пронајдовме преубави модели за престојната пролет.
Погледнете што сè има во сезонската понуда и како трендсетерките ги комбинираат преубавите фустани со флорален дезен.
М. А. | Црнобело