Афроамериканка ги провоцира модните брендови со копирање на рекламите (фото)
Деде Хауард е модел од Либерија кој живее во Лос Анџелес и се надева дека ќе ја подигне свеста за недостатокот на различност во модната индустрија.
Нејзиниот проект е именуван како „Црно Огледало“, а во него таа ги имитира најголемите модни реклами и кампањи за познатите брендови на некои од најголемите ѕвезди во модата како Кендал Џенер, Жизел Бундшен, Кејт Мос...
„Многупати досега ми се има случено агенциите и брендовите да ме одбијат само затоа што веќе имаат еден модел од афроамериканско потекло и сметаат дека тоа е доволно“ - пишува таа на нејзиниот Инстаграм профил.
Токму затоа, решила со своите фотографии да им покаже на модните куќи дека треба да прифатат повеќе диверзитет меѓу моделите кои ги вработуваат:
Н. Г. | Црнобело