Прирачник со трикови: Како да одберете чевли во кои нозете нема да ве болат?

Да најдете убави и удобни чевли е најголемиот предизвик, посебно ако сте жена.

priracnik-so-trikovi-kako-da-odberete-cevli-vo-koi-nozete-nema-da-ve-bolat-1.jpg

Пред да ја посетите омилената продавница за чевли, мора да одлучите какви чевли барате, па дури потоа да го следите овој прирачник кој ќе ви открие - како да одберете чевли во кои нозете нема да ве болат и отекуваат?

1. Проверете го секој милиметар. Чевлите кои ќе ги купите мора да се виткаат доволно за да ви обезбедат удобен чекор, но и доволно брзо да се враќаат во првобитната форма, како би ви ја одржале ногата стабилна.

2. Пробајте неколку броеви. Ако носите 37 не значи дека сите 37-ци се исти. Пробајте и 36 и 38. Ништо не губите, освен 3 минути.

3. Ако купувате штикли, задолжително превиткајте го делот кај прстите. Треба да може да го свиткате лесно, но и брзо да се исправи. Вака ќе заштедите многу нерви во нозете, а и ќе се поштедите од болки.

4. Не купувајте чевли во кои ногата ви оди „надолу“.

5. Правилно време за купување чевли е попладне. Кога нозете ви се малку потечени, подобро е да купите половина број поширок модел. Ако купувате чевли наутро, ризикувате до вечерта да ви станат мали, па нозете лесно да ви отечат во нив.

priracnik-so-trikovi-kako-da-odberete-cevli-vo-koi-nozete-nema-da-ve-bolat-2.jpg

6. Проверете ја внатрешноста на чевлите со рака. Треба да се меки и без испакнатини.

7. Кога пробувате чевли, одете на тврда површина. Не ги пробувајте врз тепих, така имате лажна претстава дека се поудобни и помеки.

8. Мора да запаметите дека должината и ширината на стапалото се менува, па секои 2 години треба да ги менувате чевлите. Посебно ако купувате чевли од синтетички материјали и понизок квалитет.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
Теткести или кул? Мери Џејн чевлите ќе бидат хит оваа есен 2024-та (фото) Мислењата за овие чевли се поделени, но дефинитивно ќе ги гледаме често оваа есе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg