Дизајнерите на тема мода и политика: Дали би ја облекувале Меланија Трамп?
Софи Тиале отворено изјави дека ако биде побарано од неа, таа ќе одбие да дизајнира облека или воопшто да ја облече првата дама на САД, Меланија Трамп.
Па, оттогаш, многу модни дизајнери беа прашани што тие би направиле...
Еве ги нивните одговори:
1. Софи Тиале
„Како една од познатите која цели кон диверзитет, индивидуална слобода и почит кон сите животни стилови, јас нема да креирам облека или да се поврзувам на било кој друг начин со првата дама. Расизмот, сексизмот и ксенофобијата кои ги покажа нејзиниот сопруг за време на претседателската кампања не се согласуваат со вредностите по кои ние како бренд се водиме.“
2. Томи Хилфигер
„Мислам дека Меланија е многу убава жена и мислам дека било кој дизајнер треба да биде горд на себе, ако има шанса да ја облече во својот бренд. Иванка е подеднакво паметна и убава, иако таа носи своја облека. Мислам дека луѓето не треба да се водат од политика во оваа ситуација.“
3. Том Форд
„Еднаш беше побарано од мене да ја облечам Меланија Трамп и одбив. Не дека не е убава... Дури ниту Хилари Клинтон не треба да ја носи мојата облека. Премногу е скапа. Не мислам на лош начин, како вештачки скапа, туку колку чини да се направи само едно парче облека. Мислам дека луѓето не можат да се поврзат со тие жени и заради тоа жените во политиката не треба да носат скапа облека.“
4. Каролина Херера
„Мислам дека за два до три месеци сите ќе се премислат, бидејќи ова е модната индустрија... Сите ќе сакаат да ја облекуваат Меланија. Таа ги претставува Соединетите Американски Држави.“
5. Марк Џејкобс
„Немам желба да ја облекувам Меланија Трамп... Лично, мојата енергија би ја искористил да им помогнам на оние кои ќе бидат повредени од Трамп и неговите следбеници.“
6. Синтија Роули
„Кога се наоѓаме сред вжештена дебата, мислам дека прашањето е нерелевантно. Таа може едноставно да купи што и да посака, па кој може да го контролира тоа? Само затоа што одбрала да носи доредена дизајнерска облека, тоа не значи дека самиот дизајнер ја поддржува. Проверувањето на етичките ставови пред некој да купи нешто нè враќа наназад, не нè носи напред во позитивна насока.“
7. Вера Ванг
„Досега не сме биле контактирани од Трамп или нивната администрација, но едно знаеме, првата дама мора да ја поддржува американската мода, како и нејзините претходници.“
8. Дијан фон Фурстенберг
„Меланија заслужува почит како и секоја друга прва дама пред неа. Нашата улога како дел од модната индустрија е да промовираме убавина, прифаќање и различност.“
Досега неколку модни дизајнери одбиле да ја облечат Меланија Трамо, меѓу кои: Џејсон Ву и Мајкл Корс.
Н. Г. | Црнобело