8 трикови за секогаш да изгледате средено
Женската итрина не познава граници, посебно ако се работи за добар изглед.
Овие 8 трикови ќе ви бидат од голема помош во секоја пригода.
Веќе нема да имате непристојно деколте, прерамка која се гледа под блузата, искинати хулахопки...
1. Зашијте машко-женско клипови на блузите од внатрешната страна и протнете ја прерамката од градникот. Така со сигурност нема да ви се ѕирка.
2. Гужваниот простор меѓу копчињата најлесно ќе го испеглате со пегла за коса.
3. Разресените врвки поправете ги со безбоен лак за нокти.
4. Стариот добар трик – ставете малку безбоен лак за нокти и на хулахопките за да не се прошири дупчето или искинатата линија.
5. Чувајте неколку миризливи сапуни во секоја фиока или на секој рафт. Така, и да заборавите да ставите парфем, облеката ќе ви мириса пријатно.
6. Ако сте сами, а сакате да закопчете алка на раката, послужете се со овој трик со самолеплива лента.
7. Фустаните со гол грб е најдобро да ги носите со зашиен градник.
8. Покријте го деколтето со едноставно сошиен материјал кој се прикачува и откачува според околностите и потребите.
М. Д. | Црнобело