6 начини да изгледате одлично во тесни фармерки, дури и кога не сте слаби
Во модните списанија не гледаме ништо друго освен слаби модели на кои секако, фармерките секогаш им стојат добро.
Оние останатите кои имаат вишок килограми мораат да се мачат додека да дојдат до совршен пар кој идеално им стои на ставата.
Секогаш можете да ги имате овие 6 правила во глава:
1. Одберете ја вистинската големина
Никогаш не купувајте помал или поголем број, држете се до вашата мерка.
2. Одбирајте фармерки со висок струк
Модата на фармерки со низок струк за среќа заврши. Денес најдобро е да се држите до висина на струкот која ќе ви го прикрие вишокот на килограми и ќе направи да се чувствувате добро во сопствената кожа.
3. Не заборавајте дека и бојата е важна
Класичните темно сини фармерки со униформна боја секогаш се најдобар избор.
4. Текстури и детали
Еднобојноста на фармерките комбинирајте ја со маици и накит во слоеви и текстури.
5. Фокусирајте се на струкот
Ако имате тело со облик на песочен часовник тогаш имате мал струк за разлика остатокот од телото, во таа ситуација секогаш е добро истиот да го истакнете.
6. Одберете ги вистинските чевли
Големите чизми визуелно уште повеќе ве зголемуваат. Одберете елегантни чевли со пастелни бои или во боја на кожа.
Н. Г. | Црнобело