Зимски дукс кој нè потсетува и навраќа во '90-те
Мемории е темата на новиот зимски дукс на арт директорот и илустратор ind.o.g кој што 6та сезона создава лимитирана серија на unisex облека под името Celebrate Life.
Мемории не потсетува и навраќа на моментите од 90тите и целиот revival на скејт и гранџ музиката кој што се случува последниве 3 години на глобално ниво.
Фотосесијата е сликана во тој дух и со тоа се оддава почит на скејт културата која што е присутна уште од 1990 во Скопје.
Таа е дело на фотографот Марко Монс уметнички директор е ind.o.g, додека пак како модели се појавуваат Бојан и Леа.
Celebrate Life во секоја колекција со себе носи разни позитивни промени во општеството како возењето на точак, радоста, исчезнувањето на ноќниот живот во главниот град и појавувањето на новите музички предизвици, погледнувањето длабоко во себе да се пронајдеме кои сме и што сме, човековите права и родовата еднаквост, медитациите, вегетаријанството и здравиот начин на живот, чистиот воздух и уништувањето на животната средина тие секогаш се представени на убав начин кој што има за цел да им ги доближи овие прашања на луѓето наоколу.