Нов дискутабилен есенски тренд – крзнени чанти (фото)
Љубителите на животни ќе ја дочекаат оваа вест со незадоволство, но доброто е тоа што поголем дел од новиот тренд на крзнени чанти се изработени од вештачко крзно.
Новиот есенски тренд за 2016 година нагалено го нарекоа „Furse“, кованица од зборовите Fur (крзно) и Purse (чанта).
Доколку сепак не сакате да носите целосно крзнена чанта, доволен е само мал дел покриен со крзно од истата или специјален крзнен додаток кое наликува на топче или опавче и се прикачува на чантата.
Застапени се скоро сите бои и облици, а некои од нив делуваат навистина симпатично и прилагодливи за комбинирање.
Дали оваа сезона би носеле „Furse“?
(О)Милена | Црнобело