Jimmy Choo: Чевлите кои најубавите жени во светот ги носат веќе 20 години
Британската модна куќа „Jimmy Choo“ оваа година слави 20 години од своето постоење, а роденденот го прослави на овогодинешната модна недела во Њујорк.
Нивните чевли и модни додатоци ги обожаваат многу познати личности, па не е ни чудно што ни се така добро познати на сите.
Некои се прогласени и за култни модели кои засекогаш ќе останат запишани во историјата на модата.
Да се потсетиме на некои од легендарните чевли...
Стилистката на ТВ серијата „Сексот и градот“, Патриша Филд, ја обожаваше оваа модна куќа, па разни модели постојано ги гледавме на нозете на Кери Бредшо.
Кој може да го заборави феноменалниот модел украсен со кристали кој го носеше Сара Џесика Паркер за продолжението на филмот „Сексот и градот“?
Принцезата Дијана едноставно ги обожаваше моделите од овој бренд, а посебно се паметат чевлите кои ги носеше во 1997-та година.
Кога кралското семејство за првпат пред јавноста ја претстави принцезата Шарлот, Кејт Мидлтон носеше чевли од овој популарен бренд.
Чевлите на „Jimmy Choo“ се нејзин избор за уште многу други прилики, а посебно ги паметиме прекрасните сребрени сандали кои ги носеше на „BAFTA“ галата во 2011-та година.
Првата дама на Америка, Мишел Обама, за инаугурацијата на Барак Обама во 2009-та година, носеше „Jimmy Choo“ чевли во боја на шампањ.
На доделувањето на Оскарите во 2005-та година, актерката Шарлиз Терон носеше бронзени сандали од овој бренд.
Моделите на овој моден бренд дефинитивно се едни од најпосакуваните чевли:
Н. Г. | Црнобело