Современите конфекциски броеви се бесмислени (видео)
Дали сте дел од оние жени кои секогаш се мачат со конфекцискиот број во различни продавници? Тоа не треба да ви биде причина за грижа...
Дали сте знаеле дека Мерилин Монро носела конфекциски број 42? Во `50-те години тоа се сметало за разумна величина за манекенките.
А, според тоа, не се сомневаме, дека денес Мерилин Монро би се дефинирала како плус сајз модел, а можеби и би добила совети за коригирање на исхраната.
Денес, идеалниот конфекциски број за дамите е 38.
Но, тоа не е крај на маките, бидејќи броевите се разликуваат од продавница до продавница и од бренд до бренд, па ако во некоја модна куќа успеете да се вовлечете во 38, во друга, може да имате потреба да облечете 42.
Дион Ли решила да испроба како ѝ стојат различни фармерки од различни брендови.
Нејзината величина е 34, но во секоја продавница морала да одбере различен конфекциски број
Затоа, ако следен пат не можете да се вовлечете во својот конфекциски број, не се грижете.
Не е до вас, до производителите е:
Н. Г. | Црнобело