6 трикови како да одберете облека која го истакнува задникот
Секоја жена, независно од обликот на телото, годините и стилот кој го негува, сака да има добро заоблен и подигнат задник. Без исклучок.
Секако дека вежбите, тренинзите и негата на телото ќе ви го овозможат тоа, но ако ја одберете погрешната облека - трудот е залуден.
Затоа секогаш држете се до овие 6 правила и трикови, ако сакате да го истакнете задникот:
1. Нагласете го струкот
За задникот да ви изгледа визуелно поголем, струкот треба да биде нагласен. Затоа избегнувајте маици и фустани кои слободно паѓаат, наместо да се стеснуваат околу половината.
2. Фокусирајте се на нозете
Едно од основните правила - ако сакате да го истакнете задникот, не се срамете да ги разголите нозете.
3. Одбирајте тесни здолништа од тенки материјали
Моделите со А крој или направени од тул само ќе ви го сокријат задникот.
4. Носете хоризонтални линии
Здолништата и фустаните со хоризонтални линии ја прават женската фигура поелегантна и женствена. Визуелно ги рашируваат колковите и го заоблуваат задникот.
5. Кратката маичка и шорцевите или здолништето со висок струк се полн погодок
На овој начин визуелно го акцентирате задникот и добивате фигура на песочен часовник.
6. Бирајте материјали кои се припиваат за телото
Еластичните фустани, здолништа и фармерки се идеални за да го нагласите задникот. Избегнувајте материјали кои не се лепат за телото, туку слободно паѓаат.
М. Д. | Црнобело