9 типови градници кои секоја жена треба да ги има
Денес, ретко која жена не поседува градник. Тие ни ја даваат потребната поддршка, изгледаат секси и ни ги држат градите подигнати. Иако тие се кошмарот на повеќето жени, сепак си ја вршат својата функција.
Но, треба да знаете дека постојат различни градници за различни намени. Некои градници имаат повеќе материјал во внатрешноста на корпата, а некои помалку.
Единствената разлика меѓу овие два типа е тоа што оние со повеќе материјал спречуваат да ви се гледаат брадавиците, визуелно ги зголемуваат градите и создаваат поголемо деколте.
Ова се 9-те типови градници кои мора да ги имате:
1. Силиконски градник
Овие градници изгледаат како лепенки кои се лепат на градите. Тие нудат мала поддршка, но се одлични за фустани во големо деколте и отворен грб бидејќи изгледа како да не носите градник.
Но, многу е тешко правилно да ги ставите, бидејќи се обидувате градите да ви изгледаат симетрично, а тоа одзема многу време и е потребна голема прецизност. Уште една негативна страна е тоа што имаат краток рок на траење – може да ги облечете 1-3 пати во зависност од тоа колку е добар силиконот и колку се потите додека ги носите.
2. Градник кој покрива само половина гради
Секоја дама треба да поседува ваков градник, бидејќи овој градник создава навистина секси деколте. Половичните корпи создаваат поддршка за градите без целосно да ги покријат – а тоа го прави овој градник да биде совршен за фустани и блузи со големо деколте.
3. Градник без корпи
Сличен на претходниот, овој градник исто така нуди големо деколте и минимална покриеност. Доколку одберете градник без корпи ќе имате одлично деколте со целосно откриени гради, бидејќи овој градник има само жица. А, токму затоа тој е задолжителен дел од секси долната облека.
4. Повеќенаменски градник
Овој градник може да се носи на различни начини - без прерамки, со прекрстени прерамки или на едно рамо. Овие градници се одлични поради нивната повеќенаменска природа и секоја опција го зголемува или намалува деколтето.
Исто така, овој градник е многу флексибилен со изборот на облека, па затоа тој е задолжителен и мора да се најде во вашиот плакар.
5. Градник кој се закопчува однапред
Овие градници се одлични доколку не сакате да ви се проѕираат прерамките преку блузата. Тие максимално ги зближуваат градите и создаваат деколте.
6. Невестински корсет
Освен што се навистина секси, тие се и многу корисни (дури и ако не сте невеста). Целта на овој тип на градник е да го подобри изгледот на вашата силуета, бидејќи го оформува горниот дел од телото. Уште еден бонус е што со овој градник полесно може да влезете во фустани или во некоја друга тесна облека и да имате подобра фигура.
7. Градник со максимална поддршка
Некои денови знаете дека мора да носите градник, но и сакате да ви биде удобно. Токму затоа постојат овие. Станува збор за обичен градник – не е којзнае колку секси, нити ви ги нагласува градите. Но, тој дава максимална поддршка и комплетно ги покрива градите.
8. Градник кој ги прави градите помали
Овој градник е одличен ако имате навистина големи гради и понекогаш сакате тие да изгледаат помали. Ако сте дел од таквите жени, тогаш овој градник освен што ќе ви понуди комоција, тој ќе направи и да имате визуелно помали гради.
9. „Push up“ градник
Спротивно на оној кој ги намалува градите – овој ги зголемува. Ваквиот градник максимално ги зголемува градите и создава совршено деколте.
С. С. | Црнобело