8 правила за фустанот да ви стои совршено
Фустан со џебови, V деколте, должина до колениците или под нив, со рамно здолниште или А крој... Секој модел и ласка на различна фигура, па нормално е да се двоумите при изборот.
Важно е да ги следите овие 8 правила ако сакате никогаш да не го промашите моделот:
1. Деколте
Сензуалното и женствено деколте е украс на женската силуета, затоа не го потценувајте. Секој фустан со V или U деколте е погодок. Затворените модели нека не ви бидат приоритет, освен ако не се работи за зимски фустан во кој треба да ви биде топло.
2. Струк
Фустанот на преклоп е секогаш добар избор, затоа што го прави струкот потенок. Пробајте и модели со набори на струкот, одлично изгледаат. Струкот на фустанот секогаш треба да се стеснува онаму каде струкот ви е најтесен.
3. Ширина
Фустанот со рамен долен дел или долен дел кој благо се шири и ласка на секоја фигура на тело.
4. Порабување
Квалитетните здолништа и фустани се порабени рачно или со штеп кој не се гледа од лицето. Ваквото порабување не смее да биде премногу цврсто и да го тутка материјалот.
5. Дезен
Еднобојните фустани најлесно се комбинираат со другите парчиња облека и аксесоари. Темните бои визуелно ве прават послаби, а во светлите бои ќе делувате помладо и повпечатливо. Ако сакате дезени, ситниот дезен им прилега на ситните жени, крупниот и на ситните и на крупните жени.
6. Џебови
Зашиените џебови додаваат волумен, па затоа носете ги на деловите кои сакате да ги истакнете.
7. Страничен дел
Имате нагласени облини и сакате да ги истакнете? Одберете фустан со страничен дел поразличен од останатиот материјал од кој е направен фустанот. Моделите со странично сенчање во темна боја создаваат илузија на потенка силуета.
8. Должина
Проверено добра и пристојна должина за секоја жена е онаа околу колениците. Фустанот треба да заврши на најтенкиот дел на ногата, не на најдебелиот. Ова посебно важи кога бирате фустан под колениците.
М. Д. | Црнобело