Носете висок шлиц и неутрални чевли: Совети од стилистите како да изгледате повисоки

Висината за многу луѓе е проблем кога е во прашање изборот на облеката. Често луѓето избираат погрешна облека, па уште повеќе го истакнуваат недостатокот кој го имаат.

10-trikovi-od-profesionalnite-stilisti-so-koi-kje-izgledate-povisoko-0001.jpg

Професионалните стилисти ви откриваат 10 трикови со кои тие се служат кога сакаат да создадат илузија дека некоја личност изгледа многу повисоко.

Ако и вие посакувате да имате некој сантиметар плус овие совети ќе ви бидат од голема корист.

1. Блузи со V-отвор

Ваквите блузи и џемпери визуелно го отвораат вашиот врат и прават вашата фигура да изгледа подолга.

10-trikovi-od-profesionalnite-stilisti-so-koi-kje-izgledate-povisoko-02.jpg

2. Висок шлиц

Фустаните со ваков крој одлично одговараат и со чевли со високи потпетици и со чевли на рамна платформа. Запомнете го правилото: лесното здолниште изгледа одлично со висок шлиц, додека кај она од потежок материјал истиот може да биде помалку нагласен.

10-trikovi-od-profesionalnite-stilisti-so-koi-kje-izgledate-povisoko-03.jpg

3. Ѕвонарки

Овие панталони одлично ги издолжуваат нозете и се соодветни за секоја прилика. Носете ги со кежуал маичка преку ден или со свечена кошула навечер и никако нема да останете незабележани.

10-trikovi-od-profesionalnite-stilisti-so-koi-kje-izgledate-povisoko-04.jpg

4. Панталони со висок струк

Покрај тоа што се многу популарни, тие се одличен начин за визуелно да ги издолжите нозете. Независно дали се во класичен крој, капри или шорц, високиот струк е она кое ќе ви додаде неколку сантиметри плус во изгледот. Сепак запомнете дека ова правило не важи кога се во прашање здолништата.

10-trikovi-od-profesionalnite-stilisti-so-koi-kje-izgledate-povisoko-05.jpg

5. Долго здолниште и краток топ

Долгото здолниште совршено одговара со краток топ, правејќи ја вашата фигура потенка и пограциозна. Внимавајте: внимателно избирајте го материјалот кога купувате ваква облека.

10-trikovi-od-profesionalnite-stilisti-so-koi-kje-izgledate-povisoko-06.jpg

6. Вертикални пруги

Вертикалните линии ја издолжуваат целокупната фигура и прават да изгледате значително повисоко. Тие може да бидат со различна големина и дебелина, но сепак внимавајте: повеќе од 2-3 бои ќе изгледаат натрупано и неубаво.

10-trikovi-od-profesionalnite-stilisti-so-koi-kje-izgledate-povisoko-07.jpg

7. Чевли со неутрални тонови

Штиклите се секако наједноставното решение за зголемување на висината, барем кај девојките. Тешките и масивни чевли дополнително ќе ја снижат вашата фигура, привлекувајќи го целото внимание на долниот дел од телото. Токму затоа, избирајте нежни чевли во пастелни тонови со кои вашите нозе ќе изгледаат повитки и подолги.

10-trikovi-od-profesionalnite-stilisti-so-koi-kje-izgledate-povisoko-08.jpg

8. Комбинезони

Слично како и со долгите здолништа, и ова парче облека совршено ја издолжува фигурата, поврзувајќи го целото тело во една линија и истакнувајќи ја силуетата. Сепак водете сметка дека линијата која ја означува половината треба да биде на местото кое најмногу ви одговара на фигурата, а тоа во никој случај не се колковите.

10-trikovi-od-profesionalnite-stilisti-so-koi-kje-izgledate-povisoko-09.jpg

9. Мини здолниште

Иако многу често луѓето сметаат дека мини здолништата ја „сечат“ фигурата, всушност доколку правилно се изберат тие може да направат чуда. Избирајте мини здолништа со висок струк во комбинација со штикли или патики и бидете сигурни дека ќе изгледате повисоко.

10-trikovi-od-profesionalnite-stilisti-so-koi-kje-izgledate-povisoko-10.jpg

10. Панталони и чевли во ист тон

Кога носите тесни пантолони или хулахопки, изберете боја која ќе биде во ист тон со вашите обувки. Заборавете на сјајните хулахопки бидејќи тие ја делат фигурата на два посебни дела, додека мат хулахопките и тесните панталони во тон со чевлите ја издолжуваат фигурата и ве прават повисоки.

10-trikovi-od-profesionalnite-stilisti-so-koi-kje-izgledate-povisoko-11.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
9 совети со кои ќе изгледате како „милион долари“ (без да потрошите многу пари) Плетен џемпер со V-отвор на линии, кафена чанта за секоја комбинација - некои па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg