Голем чекор на модната индустрија - брендот кој повеќе никогаш нема да користи Фотошоп
Ви стана мачно да гледате реклами каде девојките се фотошопирани до таа мера што воопшто не изгледаат на себе: Модели во нереално мали големини, без трошка знаци на промени на кожата? Без стрии и целулит?
Еден моден бренд, „ModCloth“, се одлучи за навистина голем чекор и даде ветување дека повеќе никогаш нема да ги фотошопира своите модели. Ова не е единствениот чекор кој овој бренд го има направено за да промовира позитивна слика за изгледот на телото.
На нивната интернет страна ќе видите девојки со различни големина, тежина, висина и облик на тело - по нешто за сите.
„Прикажувањето на жените на искрен и реалистичен начин е есенцијално за целите на нашиот бренд“ - изјавила генералната директорка на брендот, Сузан Грег Когер.
Овој бренд е прва модна куќа која се одлучила за така голем чекор, а се надеваме дека нема да биде ниту последен бренд.
Н. Г. | Црнобело