5 совети за облекување за да ги победите високите температури
Сите преферираме да лежиме на плажа во кафтан, но да бидеме реални, голем дел од летото го поминуваме во канцеларија.
А, професионалното облекување и борбата со горештината не одат многу добро.
Затоа, ова се нашите најдобри совети за да се облечете како главна шефица, а сепак да не „зовриете“ на работното место.
1. Слоеви, слоеви, слоеви...
Кога станува збор за лето, слоевите се потреба, особено кога поминувате време и во климатизирана канцеларија и на жешките улици. Без разлика дали ќе одберете наметка или сако, добро е да имате барем едно парче со долг ракав додека сте во канцеларија.
2. Фустан? Веројатно најдобар избор
Последното нешто што го сакате е да навлечете некоја тешка облека после опуштен викенд. Решение? Фустан. За професионален изглед, додадете наметка или палто. Најпрактични ви се фустаните со изглед на кошула или оние кои ја следат линијата на телото.
3. Летни материјали
Лен, памук или свила се одлични материјали за во лето. Сите три материјали ѝ дозволуваат на кожата да дише и тие се природни материјали кои се удобни за во топлите денови. Едно од парчињата кои мора да ги имате за летните работни месеци е бело ленено сако. Одговара скоро на сѐ и е совршен шлаг на тортата т.е. на вашиот аутфит.
4. Впечатливи чевли
Лошиот избор на чевли се главниот виновник за обичниот изглед. Осигурете се дека вашиот изглед не е премногу кежуал за во канцеларија и запомнете го златното правило за чевли: „повеќе чевли отколку нога”. Тоа значи барајте интересни сандали или салонки со детали (дебели ременчиња или штикла) за да додадете софистицираност на изгледот. И секако, заборавете на јадранките!
5. Пунџа? Задолжителна.
Најлесно решение за летните горештини е да ја заврзете косата во пунџа. Неколку минути труд ќе направат вашата коса да изгледа уредно и професионално, како и остатокот од вашиот изглед.
С. С. | Црнобело