Танцувањето во високи Лобутинки е уметност (видео)
Инспириран од опсесијата по кореографски танци која често ја забележуваме на социјалните мрежи, Кристијан Лобутин решил својата нова колекција да ја прикаже во видео каде неколку дами танцуваат токму во неговите штикли.
Краткиот филм е именуван како „La Répétition“ каде група на девојки танцуваат во есенската колекција за 2016-та на дизајнерската куќа Louboutin.
Во видеото групата танчарки ја вежбаат кореографијата во високи потпетици, сандали и салонки, така добро што или ќе ве натераат да си купите нови чевли токму од оваа колекција или веднаш да се запишете на час по танцуавње.
Танцуваат буквално како воопшто да не носат потпетици...
Н. Г. | Црнобело