7 важни чекори кои треба да ги следите кога купувате сако
Сакото спаѓа во моделите кои значително можат да ја коригираат фигурата и да направат таа да изгледа совршено. Но, под услов добро да ви стои.
Ракавите мора да бидат доволно тесни за да се чувствувате женствено, но и доволно широки да не ви ги ограничуваат движењата.
Сакото во никој случај не треба да завршува во делот каде сте најшироки, туку над или под тој дел.
Ова се уште неколку совети на кои треба да внимавате при изборот на сако:
1. Ревери
Ширината на реверите се менува заедно со трендовите. Во моделите со потесни ревери ќе изгледате послабо. Реверите со ширина од 6 до 8 сантиметри се сметаат за безвременски.
2. Рамена
Менувањето на овој дел е незгодно и токму затоа треба да ви стои совршено. Рабовите треба да ви легнат на рамените коски. Ако сакото ви е кнап кај градите, а точно во рамената, не барајте поголем број, туку побарајте друг модел.
3. Ракави
Ракавите треба да завршуваат 2-3 сантиметри по зглобот на раката. Ако сакото ви е точно кај градите и рамената, но ракавите ви се долги, не земајте помал број, туку едноставно скратете ги ракавите.
4. Обем на гради
Сакото не смее да биде тесно и да го влече копчето кога ќе го закопчате, но не смее да биде ни премногу широко. Ако собира цела тупаница меѓу сакото и телото, тогаш е дефинитивно премногу широко.
5. Материјал
Памучните и ленени блејзери се одличен избор за лето, но имајте на ум дека овие материјали лесно се гужваат. Волната, од друга страна, е многу поиздржлива и долго го задржува својот облик. Ако ѝ се додаде само малку полиестер, околу 10%, гужвањето значително ќе се намали.
6. Потстава
Проверете дали има потстава под ракавите. Ако истата е од полиестер или најлон, подгответе се за потење. Вештачката свила е значително поладна. Растегливата потстава го прави сакото флексибилно и поудобно.
7. Шиење
Рабовите треба да бидат рамни и во никој случај лабави. Рачната изработка на џебовите или предниот дел е знак на добра изработка.
М. С. | Црнобело