Women’secret го презентира новиот моден филм со шармантната Бланка Суарез

women-secret-go-prezentira-noviot-moden-film-so-sarmantnata-blanka-suarez.jpg

Како дел од новата кампања за лето 2016 шпанскиот бренд Women’secret го бира форматот моден филм за презентација на колекцијата костими за капење за лето 2016.

Филмот наречен “My secret dream” е снимен на спектакуларна јахта на отворено море, а главната улога ја игра шпанската актерка Бланка Суарез. Со своите 27 години, успехот кој го има постигнато и природната убавина, таа е вистинско олицетворение на сензуалноста која Women’secret сака да ја долови со новата кампања.

Суарез ја претставува вистинската Women’secret жена – онаа која се чувствува “убаво, удобно и секси” секој ден. “Мy secret dream” е место каде границата помеѓу реалноста и фантазијата избледува, а жената се чувствува како божица, дива која се капе во море од самодоверба и рефлектира моќен дух.

Со концептот “My Secret Dream”, брендот ја охрабрува секоја жена да го најде своето идеално, секси катче каде ќе се почувствува уникатно и автентично, како вистинска ѕвезда.

Бланка Суарез, која е дел и од неколку популарни филмови на Педро Алмодовар, меѓу кои и “The Skin I live in”, во врска со кампањата вели: “Се радувам што сум заштитно лице на оваа кампања на Women’secret, a oсобено ми се допаѓа тоа што брендот го надминува трендот на фотографирање на костими на песочна плажа, туку го надградува имиџот и додава елеганција користејќи брод како локација за снимање.”

 

Би можело да ве интересира:

Весели модни комбинации за крајот на зимата (фото) Светли тонови, впечатливи нијанси, комбинација на бои за кои мислите дека не мож...
„Не доаѓајте со свадбарски аутфит на црвен тепих“ - Маја Кикириткова за грешките кои ги прават гости... „Ме радува фактот што младите не се плашат од експериментирање, внесуваат креати...
Само Блејк Лајвли може да блеска во цветни комбинации од глава до пети – храбра кралица на модата Во еден ден се појави во 4 цветни аутфити - Блејк Лајвли изгледа прекрасно во ст...
Широки фармерки, палта, необични очила: Каков е стилот на Тамара Тодевска кога не е на сцена? Модниот стил на Тамара Тодевска на сцената и во приватниот живот не се разликува...
Мартија Станојковиќ најсмело, Барбара Поповиќ - тантела: Како познатите Македонки ја носат црната бо... Од елегантните изданија на Тамара Тодевска со длабоко деколте до мини фустанчиња...
4-годишно момче од Скопје е модна инспирација на Инстаграм „Инстаграм профилот на Алексеј е креиран од неговото раѓање, а како растеше сам ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg