Луксузен накит од органски материјали за префинети дами
Запознајте ја Дени Барб од Питсбург, Пенсилванија. Веќе 4 години наназад, Дени рачно изработува накит од необработени скапоцени камења и минерали.
Инспирацијата за создавање ваков тип на накит се појавила сосема спонтано. Додека Дени крстосувала низ САД на летна турнеја со својот бенд, преработила многу винтиџ парчиња накит и успеала да им ги продаде на младите девојки во публиката.
Побарувачката за нејзинит накит била толку голема, што резултирало во листа на чекање. Луѓето се регистрирале и со нетрпение ги очекувале нејзините уникатни креации.
Токму тоа ја охрабрило Дени да отвори своја сопствена виртуелна продавница. Таа истакнува дека ова е одличен креативен издувен вентил, а за одредени техники за изработка на накит ѝ биле потребни неколку години за совладување и усовршување.
Дени вели дека интересот е голем, а најчудната нарачка којашто ја добила досега е масивен прстен од глина, изработен од нетоксичен материјал што може да се јаде, со цел подоцна прстенот да биде изеден.
Во нејзиното креативно портфолио се забележуваат масивни прстени, обетки, бразлетни и ланчиња кои со себе носат еден вид на органско чувство, а сепак отсликуваат луксуз и префинетост.
(О) Милена | Црнобело