Топ трикови за брза убавина
Неколку брзи трикови за поубав изглед кои сигурно ќе ви се најдат. Прикривање на неправилностите на лицето, поправање на фризурата или...
...гламурозен изглед најдобро ги познаваат визажистите кои ги подготвуваат манекенките пред ревија.
Еве што советуваат тие.
1. Одморен изглед за секунда – Нанесете златна сенка на горниот очен капак или пак светликава пудра на внатрешниот агол од окото.
2. Крема за раце за спас на фризурата – Наелектризираната коса ја спасува кремата за раце. Ставите на дланките крем колку зрно грашок и пројдете со прстите низ косата.
3. Темна и длабока боја на усните - Сакате драматичен, впечатлив и заводив изглед на усните. Најпрво подговете ги усните со балсам, а потоа користите две интензивни нијанси на моливче за усни со боја на боровница. Моливчето натапкајте го на усните со помош на прстите и премачкајте ги усните со вазелин.
4. Брзо и лесно до smokey eyes – Нанесување на сенка за очи со влажна четкичка повеќе ќе ја истакне бојата на сенката, што е идеално за вечерно излегување.
5. Полни усни без ботокс – Со моливче во природна боја на вашите усни исцртајте линија надвор од природните граници на усните, потоа балзам за усни, сјај или светол руж и усните ќе бидат полни.
6. Нокти без дамки – честото чистење на лакот за нокти, особено ако е потемен, остава видливи дамки на ноктите. За уреден изглед, исечете лимон на половина и ставете ги прстите во него на 5 минути.
7. Оцет во шампонот – Косата ќе ја освежите така што во шампонот ќе додадете лажичка оцет и ќе промешате.
8. Цветови – за инстант гламур. Гламурозниот изглед кога косата ќе ја подигнете високо комплетирајте го со шноличка или венче со цвет на нив.