7 стилски совети за шик модни комбинации: Пар добри фармерки се „тајната состојка“

Честопати носиме обични комбинации составени од маичка и фармерки, без некој посебен шарм.

podignete-go-izgledot-na-povisoko-nivo-7-stilski-soveti-za-sik-modni-kombinacii-01

Но, факт е дека е потребно многу малку за да се постигне шик изглед со помош на неколку додатоци. И запомнете, клучот на убавиот изглед е во самодовербата.

Ако сакате да имате изглед на повисоко ниво, тогаш проследете ги овие стилски совети за шик изглед:

1. Чевли, чевли, чевли...

Тие се совршениот додаток за разбивање на монотонијата на изгледот. Ако носите едноставна комбинација како фармерки и блуза, обидете се да додадете чизми до глужд, балетанки или штикли кои ќе го истакнат вашето чувство за стил. Окото природно најпрво ги забележува чевлите и ако го носите вистинскиот пар, врз нив можете да ја базирате целата комбинација.

podignete-go-izgledot-na-povisoko-nivo-7-stilski-soveti-za-sik-modni-kombinacii-02


2. Не заборавајте на карминот

Светлите црвени усни не само што ќе го привлечат вниманието кон усните, туку и ќе го зачинат вашиот изглед. Носете секојдневна комбинација, но истакнете ги усните со црвен или бордо кармин. Ако сакате малку поризично, пробајте омбре.


3. Не го потценувајте накитот

Совршениот часовник или ланче навистина има моќ да го разубави изгледот. Ако сакате минималистичката облека да изгледа гламурозно, пробајте да носите неколку парчиња кои го привлекуваат погледот.

Она што е важно кога носите накит е да не претерате и да не изгледате како новогодишна елка. Ако ланчето е златно, не носите сребрена нараквица. Накитот мора да одговара за да не изгледа невкусно.

podignete-go-izgledot-na-povisoko-nivo-7-stilski-soveti-za-sik-modni-kombinacii-03


4. Весели бои

Ако вие сте од оние девојки кои се љубители на клот парчиња, тогаш размислете да вметнете неколку различни бои во комбинацијата. Ова е токму тоа што ви е потребно ако сакате да изгледате шик.

Нема ништо погрешно ако пронајдете боја која ви се допаѓа и постојано ја носите, но ако целата модна комбинација ви е во една боја, земете марама во друга боја за да создадете барем мал контраст. Тоа инстантно ќе го подигне изгледот на ново ниво, без да го жртвувате комфорот на носење на една боја.


5. Класичните парчиња постојат со причина

podignete-go-izgledot-na-povisoko-nivo-7-stilski-soveti-za-sik-modni-kombinacii-04

Постојат класични парчиња кои секој мора да ги има – мало црно фустанче, бела кошула и класична кожна јакна. Секое од овие парчиња треба да биде основа на вашиот изглед, без разлика дали целите кон секојдневен изглед или вечерно излегување. Тие се повеќенаменски и се задолжителни во сечиј плакар.


6. Слоевито облекување

Без разлика дали е топло или ладно, слоевитото облекување може позитивно да влијае на вашиот изглед. Спојте лесен кардиган со вообичаената маичка и шорцеви. Во поладните месеци, комбинирајте различни парчиња со долги ракави во бои и текстури кои меѓусебно си одговараат.


7. Добрите фармерки се тајната состојка на секоја комбинација

Секоја жена поседува пар фармерки. Правилниот пар има моќ да ја претвори дневната комбинација во ноќна. Ако целите кон тоа, одберете фармерки во комбинација со елегантно сако и елегантна блуза со тенки прерамки, а за вечерните часови доволно е само да облечете високи потпетици и да се ослободите од сакото.

podignete-go-izgledot-na-povisoko-nivo-7-stilski-soveti-za-sik-modni-kombinacii-05

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 трикови што ќе ви помогнат од око да ги изберете најквалитетните фармерки Обрнувате ли внимание на рабовите, големината на алките за ремен или на нитните?...
8 грешки со кои несвесно правиме да изгледаме постаро отколку што сме Впечатливи цветни принтови, темна сенка за очите... Што треба да избегнуваме за ...
Моден двобој: Елена Најдоски и Северина во слични златни фустани со корсет Впечатлив модел за елегантни пригоди кој може да го износат само самоуверените д...
Модни комбинации во бела боја кои ќе сакате да ги копирате оваа пролет (фото) Оваа пролет облечете се во бело „од глава до пети“. Со доаѓањето на првите ...
Чевли кои е подобро да ги заобиколите, дури и ако се на попуст Безличните балетанки веќе се демоде, а сандалите со врвци до колената или со про...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg