MANGO ги оживува 90-тите со Лиу Вен и трендот Soft Minimal

По лансирањето на трендот Tribal Spirit за февруари со кампања којашто ја имаше Кендал во главната улога, следува нов сезонски тренд Soft Minimal, кој е инспириран од минималистичкиот стил на 90-тите.

mango-gi-ozivuva-90-tite-so-liu-ven-i-trendot-soft-minimal.jpg

За оваа кампања MANGO ја користи Лиу Вен, најпознатиот азиски интернационален модел. Таа за соработката со брендот вели:

Соработката со MANGO беше одлична. Навистина ми се допаѓа минималистичкиот тренд бидејќи сакам кога работите се едноставни, а во исто време убави. Сите парчиња кои ги носам во кампањата имаат едноставни линии и се направени од материјали кои се идеални за секој дел од денот. Мислам дека на сите ќе им се допадне оваа колекција особено кога ќе можат и да ја видат во продавниците.

Колекцијата која го претставува овој тренд ќе биде достапна во март и содржи женствени плетени парчиња во комбинација со фустани, блузи од тантела и широки кроеви. Еднобојнитe фустани и лелеавите свилени парчиња, инспирирани од супермоделите на 90-тите се реинтерпретирани за модерен изглед.

MANGO и оваа сеозна продолжува со својата промената стратегија на промовирање на најновите линии од колекцијата и лансирање на кампања секој месец, заедно со моменталниот тренд и лицето кое најдобро го претставува. Оваа нова стратегија цели кон презентирање на актуелни производи на начин кој е во согласност со брзината и променливоста на модниот свет.

Би можело да ве интересира:

9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...
Тексас, сатенско, мини: Како да носите здолниште во зима? Тексас здолништата се комбинираат со сè – од кошули до џемпери – а изгледаат нај...
Едноставни модели на кошули, идеални и за на работа и за вечерни излегувања (фото) Кога не знаете што да облечете за на работа или за вечерно излегување, можеби на...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
Модни предлози за хит комбинацијата за оваа зима – високи чизми и миди здолниште (фото) Комбинацијата од високи чизми и миди здолниште е одличен спој на елеганција и уд...
Модна инспирација: Пролетни и летни комбинации со долги здолништа (фото) Тесни или во А-крој, без разлика за кое од нив ќе се одлучите нема да погрешите,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg