10 комбинации на бои кои можете да ги пробате оваа зима
Заради пролетните темпеартури, иако календарски е зима, ви предлагаме оваа сезона да го прифатите шарениот предизвик.
Само затоа што не можете да ги носите летните цветни фустанчиња, не значи дека треба да бирате исклучиво студени и темни бои.
Тоа секојдневно ни го докажуваат најпопуларните модни блогерки и стилски икони кои зимата ја користат за доминација на веселите бои.
Ова се 10 предлози кои и вие може да ги пробате уште денес:
Сива + карамела + темно зелена + бургунди
Сина + карамела + црна
Кафеава + бордо + маслинеста
Кафеава + тиркизна + бордо
Циклама + карамела
Портокалова + тегет
Златна + темно зелена + бордо
Пастелно розова + жолта
Виолетова + сива + портокалова
Циклама + портокалова + златна
Д. М. | Црнобело