Шешири и во зима? Зошто да не!
Шеширите се дефинитивно најголемиот хит оваа есен. Минатата година беа присутни во секојдневните комбинации, но само кај најхрабрите.
Оваа година сè повеќе девојки се одлучуваат волнената капа да ја заменат со топол шешир.
Црниот шешир е стандард како црниот фустан. Може да се комбинира со различни бои и различни капути, фустани, фармерки.
Бордо шеширите пак, ќе го разбијат есенското сивило, правејќи ве впечатливи и уникатни.
Доколку се подновивте со карамела капут, не заборавајте со него во пар да си искомбинирате некој шешир во истата нијанса.
Ако сепак сте скептични и се прашувате „шешир во зима?“, ве разубедуваме со супер предлози:
Н. Т. | Црнобело