Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Шалче околу врат

shalce-okolu-vrat-povekjeШал завиткан околу вратот или префрлен преку главата, оваа зима се носи во комбинација со апсолутно секаква облека. Одлично прилега во...

 

...комбинација со јакна или капут, но овој пат се комбинира и со вечерни фустани.

Еден од најомилените зимски реквизити, модни додатоци кои секоја модно свесна жена, ќе сака да го употреби и оваа сезона секако е шалот.

Но, оваа сезона освен класичните шалови кои на најразлични начини се завиткуваат околу вратот, се носат и таканаречените цевка-шалови.

Ваквиот шал може да се носи на неколку различни начини. Може да се навлече и да се остави слободно да паѓа околу вратот, но може да се носи и префрлен преку главата така што истовремено ќе ги заштити и ушите и вратот.

shalce-okolu-vrat

Овој функционален моден додаток може да се навлече и над челото или да се завитка преку врвот на главата.

Burberry Prorsum и Fendi колекцијата на цевка-шалови пак се толку многу елегантни што може да се носат и во комбинација со вечерни фустани.

Тие не се изработени од тешки материјали како волна, туку од сатен или свила, каде за гламурозниот изглед најмногу ќе допринесе црвената боја.

Секако во пригоди во кои тоа се очекува, задолжително симнете ги од глава и поиграјте си со нивните набори околу вратот.

Би можело да ве интересира:

Моден двобој: Елена Најдоски и Северина во слични златни фустани со корсет Впечатлив модел за елегантни пригоди кој може да го износат само самоуверените д...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
Што облекоа посетителите на Моден викенд Скопје 2024? Oд класични бели костими до специфични црни комбинации, од перје до циркони, што...
Јулија од Охрид е девојка со уникатен моден стил, инспириран од филмски ликови и стрипови „Чорапчиња, карирани здолништа, корсети, уште во училиште имав специфичен моден ...
Познати дами во фустани кои одземаат здив кога ќе се свртат со грб Алесандра Амбросио, Хајди Клум, Ирина Шајк се само дел од дамите кои секогаш нè ...
Златко Јовановски за новата колекција: „Сошивме венчаница со 38.000 рачно везени кристали за 11 дена... „Горд сум на нашето ремек-дело, венчаницата со која се надминавме себеси - ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg