Како изгледа животот кога цела недела носите свечен фустан за на црвен тепих?

Како за забава така и за мал социјален експеримент, Кени Тапонг, уредникот на Marie Claire им предложил на своите новинари цела една недела да носат свечен фустан за на црвен тепих.

cela-nedela-nosela-svecen-fustan-01.jpg

„Зошто некој од вас да не проба да носи свечен фустан цела една недела? Ќе биде забавно! Тоа беа неговите зборови и бидејќи веќе еднаш се облекував како Марк Закерберг, си реков, зошто да не го пробам и ова?“ – така ја започнува приказната Челси Пенг.

Целиот тим се одлучил за фустан од Christian Siriano, бидејќи повеќето од славните личности веќе ги носеле неговите креации (како Ријана, Соланж и Коко Роша), а и затоа што неговите фустани се поим за гламур и софистицираност.

Пенг се одлучила за свечен зелен фустан со А крој кој инстантно ја трансформирал во „Некоја важна личност која оди на некоја гламурозна забава или на својата веридба“ – како што самата таа го дефинирала своето искуство од овој експеримент.

Што забележала?

1. Во метроата ѝ нуделе седиште иако не е ниту постара, ниту бремена

2. Повеќето луѓе ја гледале со чудење – речиси зјапале

3. Некои ја сликале

4. Ја споредувале со сирена

5. Често ѝ викале „честитки“

„Никогаш претходно не бев сигурна, иако претпоставував, но облеката навистина има голема моќ“ – заклучува Пенг.

Би можело да ве интересира:

Модата на првата вечер на Shtip Fashion Days 2024: Што облекоа посетителите? (фото) Миа Костова и Маја Кикириткова избраа црни аутфити и ги комбинираа со црни очила...
Модни трикови од инфлуенсерки: Како да изгледате одлично со обична маичка? Изберете едноставна, долга маичка, која ќе можете да ја носите како фустан, па к...
Три (шарени) дезени што ќе ја одбележат оваа пролет, а не се цветни Кои дезени ќе бидат апсолутен хит оваа пролет? Со какви парчиња облека да го под...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
10 трендови на кои заборавивме, но повторно се враќаат во мода Портокалов тен како Парис Хилтон, пирс на папокот како Бритни... Кои трендо...
8 модни парчиња со кои секогаш ќе изгледате елегантно (дури и во дневни комбинации) Долго сако и ленени панталони за многу топлите денови – кои модни парчиња се дов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg