Враќање во детството: Ѝ дозволила на мајка ѝ да ја облекува и шминка за на работа и за излегување

Кога се навраќаме детството, посебно кога станува збор за изборот на облека кој го правела нашата мајка, најчесто не ни се допаѓаат сеќавањата кои ни надоаѓаат – лоши ролки, смешни пантaлони и што ли уште не.

devojka-i-dala-celosna-kontrola-nad-izborot-na-obleka-na-svojata-majka-01.jpg

Една девојка одлучила уште еднаш да ги испроба советите од својата мајка, односно да провери какви избори на облека ќе направи за неа и целосно се препуштила на нејзините совети.

„По 22 години самостоен избор, дали ќе можам да преживеам една недела со облека и шминка кои се целосно избрани од страна на мојата мајка?“ – така го започнува предизвикот Хана Оренстајн.

Прв ден: Понеделник

„Пред да започне денот, мајка ми испрати порака во која ми порача да облечам: бела блуза без ракави, ѕвонасти фармерки, хипи ланче и штикли во месо боја“ – вели Хана, додавајќи дека оваа комбинација на прв поглед и се чинела како премногу секојдневна за да ја носи на работа.

devojka-i-dala-celosna-kontrola-nad-izborot-na-obleka-na-svojata-majka-1.jpg

Што се однесува до шминката: „Добив слика од Пинтерест според која треба да нанесам малку сина сенка и да ја соберам косата во репче“.

devojka-i-dala-celosna-kontrola-nad-izborot-na-obleka-na-svojata-majka-2.jpg

„Всушност ми се допаѓа како изгледам, посебно мојот задник во овие панталони изгледа одлично“ – дополнува таа.

На крајот од денот добила пофалба и од нејзината пријателка која е стилист за списанието „Wall Street Journal “.


Втор ден: Вторник

„Оваа идеја дефинитивно не ми се допаѓа. Според мајка ми, денес треба да носат свилено здолниште со принт, црна маица, чизми до глужд и темно розов кармин, но исто така, сака да нанесам мачкини очи и да ја средам мојата коса во француска пунџа“.

devojka-i-dala-celosna-kontrola-nad-izborot-na-obleka-na-svojata-majka-3.jpg

Комбинацијата на облека и се допаѓа и на Хана, бидејќи како што вели и самата многу често се одлучува за ваква комбинација, но што се однесува до фризурата и шминката морала да ги отстрани мачкините очи и косата да ја пушти, бидејќи на крајот од денот имала состанок.

devojka-i-dala-celosna-kontrola-nad-izborot-na-obleka-na-svojata-majka-5.jpg

devojka-i-dala-celosna-kontrola-nad-izborot-na-obleka-na-svojata-majka-4.jpg


Трет ден: Среда

Ова е уште еден ден кога треба да носи пунџа, фризура која воопшто не и се допаѓа. Што се однесува до шминката изборот за овој ден се состоел од розови усни и маскара без моливче за очи.

devojka-i-dala-celosna-kontrola-nad-izborot-na-obleka-na-svojata-majka-6.jpg

Облеката се состоела од син фустан, магента чевли и свилен шал. „Се срамам од оваа комбинација. Прави да изгледам како стјуардеса, не сакам ни да покажам како изгледав“ – вели Хана.

devojka-i-dala-celosna-kontrola-nad-izborot-na-obleka-na-svojata-majka-7.jpg


Четврти ден: Четврток

„Денес уште еднаш требаше да се сретнам со момчето, па ја замолив мајка ми да се одлучи за некоја комбинација која ќе можам да ја носам и на состанокот, за жал комбинацијата направи да изгледам како мало девојче во розово“ – продолжува Хана со своето патешествие.

devojka-i-dala-celosna-kontrola-nad-izborot-na-obleka-na-svojata-majka-8.jpg

На овој ден таа требала да носи широко розово здолниште, бела кошула со циркони, виткана коса и розов кармин.

devojka-i-dala-celosna-kontrola-nad-izborot-na-obleka-na-svojata-majka-9.jpg

„Сите кои имаа можност да ме погледнат на работа, упатуваа погледи кои навистина не ми се допаѓаа, па бев среќна и задоволна кога момчето ми пиша дека ќе мора да откаже“ – додава.


Петти ден: Петок

„Денес и е роденден на мојата најблиска другарка, па ја замолив мајка ми да одбере нешто за вечера. Одбра црн фустан без ракави, црна кожна јакна и црни високи чизми. Ми се допаѓа комбинацијата, но не е нешто што би го носела на забава“ – вели Хана.

devojka-i-dala-celosna-kontrola-nad-izborot-na-obleka-na-svojata-majka-10.jpg

devojka-i-dala-celosna-kontrola-nad-izborot-na-obleka-na-svojata-majka-11.jpg

Што научила?

„Не можев да издржам за 6-от и 7-от ден. Едноставно не можев да издржам“ – објаснува Хана.

Нејзината мајка била пресреќна што нејзините пријатели и колеги ја забележале промената, но била незадоволна од фактот што Хана постојано се обидувала да ја преземе контролата назад.

Дали вие би го пробале овој експеримент?

Би можело да ве интересира:

Докторка од Србија е поим за убавина и шик моден стил (фото) Дали оваа докторка со префинет моден стил е една од најубавите жени во Србија? М...
7 модни парчиња без кои ниту една жена не треба да тргне на одмор, според експерт Како да изгледате модерно на фотките од одмор, без цел ден да ве болат нозете од...
Српски пејач настапи во раскошен фустан од нашиот Златко Јовановски на изборот за Евросонг „Екставагантноста на Филари е иста како мојата, а јас сакам да работам со л...
Бои на облека со кои никогаш нема да погрешите, дури и кога не се во мода Без разлика на буџетот кој ќе го одвоите за купување гардероба, боите кои ги изб...
6 модели на чанти кои ќе ве претворат во старомодна жена (и треба да ги избегнувате) Долгнавести, црни чанти како поштарски, модели без форма кои наликуваат на вреќа...
Модни тајни со кои Французинките изгледаат совршено дури и на најголемиот студ Кога велиме „плетен фустан“ замислуваме широк модел без некоја посебна форма. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg