Евтини трикови: Како стариот капут да изгледа како нов?

Уште само неколку студени денови и веројатно сите ќе ги извадиме палтата од гардероберот, ако веќе и не сте го направиле тоа.

evtini-trikovi-kako-stariot-kaput-da-izgleda-kako-nov-001.jpg

Но, што е со стариот капут кој изгледа некако излитено, а сакате да го износите уште оваа сезона?

Пробајте да се послужите со некое од овие 5 решенија:

1. Додадете декоративен материјал

Во продавниците за материјали ќе пронајдете голем број на материјали и ленти со кои можете да го освежите капутот. Ако е еднобоен, зашијте неколку ленти или парчиња на деловите каде е излитен и постигнете ефект на пачворк.


2. Ставете ремен

Дури и ако капутот оригинално не го купивте со ремен, ставете некој впечатлив модел. На тој начин ќе додадете елеганција и ќе ја истакнете фигурата. За дебелите капути бирајте дебели ремени и обратно.


3. Ставете брош

Брошовите оваа есен се враќаат на модната сцена. Доволно е да додадете еден или два на реверот за да го освежите и да го одвлечете вниманието.


4. Заменете ги копчињата

Повеќето од нас не им даваат некое големо значење на копчињата, без да знаеме дека тие може целосно да го променат изгледот на моделот. Затоа доволна е оваа минимална промена за да се добие впечаток како да сте купиле нов капут.


5. Ставете необичен околувратник

Тоа може да биде имитација на крзно или некоја дебела марама која ќе ја зацврстите со помош на неколку копчиња.

Би можело да ве интересира:

Вечна класика - Балетанките никогаш не излегуваат од мода (фото) Металик сребрени, во две бои, со ременче, со впечатливи панделки... кои модели н...
7 застарени модели на здолништа кои повеќе нема потреба да ги чувате Асиметрични, како и модели со тул – кои други здолништа одамна се демоде и может...
Што облекоа посетителите на последната вечер на Скопски моден фестивал 2024? (фото) Стефан и Марта Лазарови, Светлана и Мики Црнокрак, Јелена Спенџарска, Марјана Ст...
6 парчиња облека кои треба да ги носите на одмор за да ги „украдете“ сите погледи Ако сте од оние кои на одмор сакаат да бидат средени и дотерани, но не знаете шт...
7 детали во облеката кои на сите ни одат на нерви Потполнките на спортските градници постојано се изместуваат и виткаат - или соши...
Модели на тексас здолништа совшрени за пролетни и летни комбинации Кратки или долги, широки, исканати... со тексас здолништата нема да погрешите. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg