There are not feed items to display.
  • Check if RSS URL is online
  • Check if RSS contains items


Новата колекција на Timberland создадена за модерни патеки

Брендот ја редефинира природата и го охрабрува потрошувачот да го креира својот пат.

novata-kolekcija-na-timberland-sozdadena-za-moderni-pateki-01.jpg

Timberland долго време e познат и почитуван бренд за надворешни услови. Оваа есен, со глобалната маркетинг кампања која гласи „Создадени за модерни патеки“, Timberland ја редефинира облеката за надворешни услови, доближувајќи ја до градот, каде живее една нова генерација на трагачи по авантура.

Платформата - Создадени за модерни патеки, ги слави секојдневните авантури кои доаѓаат спонтатно и ги исполнуваат животите на потрошувачите во денешното градското окружување. Есенската колекција на Timberland ни дава целодневна разновидност, издржливост на временските услови и адаптиран стил за овој активен и урбан животен стил.

„По поминати три години разговарајќи со повеќе од 18.000 потрошувачи од осум држави, добивме важни увиди во она што природата значи за денешниот потрошувач. Tипичното надворешно окружување игра значајна улога за нашиот клиент, но исто така значи истражување на патиштата, соседствата и тротоарите кои сѐ уште не се проодени, понекогаш и во самите градови“– објасни Џим Дејви, потпретседател на глобалниот маркетинг за Timberland. „Создадени за модерни патеки не е само место, туку и возбудливо движење напред кон нешто ново и непознато. Со тоа што дигитално сме поврзани, никогаш не се знае која е следната можност, така што адаптирањето е клучен елемент. Есенската колекција на Timberland ги опремува модерните пионери со стилот кој им е потребен кога нивниот пат се менува постојано и секојдневно. “

„Создадени за модерни патеки“ е патување низ градските улици, непредвидливото време и планови направени во последен момент, а Timberland ја овозможува разновидноста во обувките, модните парчиња и додатоци кои им дозволуваат на потрошувачите да се движат без да се грижат. Каде и да нѐ носи денот – преку промени во температурата и теренот или кон рафинирани ноќи  - прилагодувањето е фундаментално за секоја комбинација. Ова е инспирацијата при дизајнирањето на колекцијата обувки, облека и додатоци, која е презентирана преку неколку различни капсулни линии.

Би можело да ве интересира:

9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
8 застарени модели на накит и модни додатоци кои треба да ги замените со помодерни Заборавете на ремени и чанти со огромни логоа и букви на брендови, старинскиот з...
6 парчиња облека кои треба да ги носите на одмор за да ги „украдете“ сите погледи Ако сте од оние кои на одмор сакаат да бидат средени и дотерани, но не знаете шт...
Смели модни комбинации во боја за дамите кои не сакаат да бидат како во униформа Дали во вашиот плакар има само класични, едноставни парчиња облека или доминираа...
Модни додатоци со кои ќе оддавате впечаток на самоуверена и успешна жена Свилена шамија околу вратот, кожени ракавици... кои 6 аксесоари (според стилисти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg