Близначките со кристално сини очи го освоија модниот свет (фото)
Меган и Морган се 4-годишни близначки од Филаделфија кои меѓу другото се и вистински мали модни икони и модели уште од мали нозе.
„Тие се заинтересирани за модата, секогаш се облекуваат исто и сакаат да позираат“ – вели мајката на близначките, Стефани Бојд.
Таа постојано објавува фотографии од нив на својот Инстаграм профил кој има повеќе од 45.000 следбеници.
Повеќе од очигледно е дека овие две мали девојчиња наскоро ќе стапнат и на модните писти – тие одлично позираат и знаат како да ја одберат својата облека по заеднички договор.
Покрај тоа, посебно внимание привлекуваат нивните специфични очи. Додека едното девојче има кристално син поглед, другата има ретка аномалија на очите која изгледа прекрасно - едното око и е црно, другото азурно сино.