Во која боја изгледате најпривлечно?
Велат дека убавината на човекот не се гледа во облеката и воопшто не може да покаже каков е човекот, но никој не може да го негира фактот дека неретко влијае на првиот впечаток кој го добиваме за оној кој се наоѓа пред нас.
Ова посебно важи за бојата, а колкава е нејзината моќ докажуваат бројни истражувања со кои се открива дека постојат одредени бои кои прават да изгледаме попривлечно, делуваме попаметно и самоуверено, а некои бои имаат сосема спротивен ефект.
Тогаш во која боја изгледаме најпривлечно?
Неодамнешно британско истражување направено од страна на buytshirtsonline.co.uk во кое учествувале 1000 испитаници открива кои бои ги поврзуваме со одредени човечки квалитети и карактеристики.
Во сите категории само една боја се покажала како успешна – црната, односно дошле до заклучок дека луѓето кои носат црна боја ги доживуваме како најпривлечни, најинтелигентни и самоуверени.
На второ место е црвената боја, но за неа се врзува и ароганцијата.
Луѓето кои носат жолта, портокалова или розова пак, се доживуваат како помалку интелигентни, а оние кои носат сина како најмалку привлечни.